Нека играат децата
(By Денис Бојаров)


Size | 24 MB (24,083 KB) |
---|---|
Format | |
Downloaded | 626 times |
Last checked | 11 Hour ago! |
Author | Денис Бојаров |
Во голема мера книгата изобилува со автобиографски приказни, збогатени со имагинативната нарација, преку кои авторот воспоставува комуникација и блискост со читателот и му испраќа емотивни и моќни пораки.
Нараторот преку гласот на децата, преку родителите, животните и растенијата комуницира со читателот и му дава еден готов производ од ликови и настани од нашето поднебје, со кои сите ние се идентификуваме. Педесет и еден расказ на број, тематски слични, сепак со поинакво сиже и поуки. Ова се раскази што ќе ја поттикнат емпатијата во вас.
„Она што е особено впечатливо за расказите на Бојаров е умешноста за обраќање директно кон емоцијата на читателот, кој ги препознава ликовите од нашето поднебје, настаните што може да бидат и туѓи и на нашите блиски, и лично наши и на авторот и на раскажувачот, и токму ваквата идентификација не само што не нѐ остава рамнодушни туку и создава силна врска меѓу нас. Пораката на секој од овие раскази е, можеби, најсилната нивна алатка. Праќањето порака преку зборовите, комуницирањето на авторот со читателот во и преку текстот, секако, на еден начин кој е суптилен, скриен и деликатен, е одлика на веќе изградените писатели.“
Фросина Пармаковска
„Денис Бојаров несомнено ги освојува симпатиите на родителите и децата, но и воопшто на семејствата и на човекот како зрело и разумно создание. Тој многу вешто, мајсторски и со префинет стил пишува за потесното и поширокото семејство на начин што никој не пишувал долго време. Неоспорно е дека овие раскази со секавична кондиција ќе ги освојат симпатиите на читателската публика. Се работи за поучни раскази што носат многу силна порака и што ќе ви послужат да ги стоплите односите во семејството, ќе ја разбудат емпатијата во вас, ќе ве потсетат, научат и освестат за вашиот однос и внимание кон децата, животните и природата, ќе ви овозможат да доживеете душевен ораториум. Книга која дефинитивно ќе сакате да ја препрочитате одвреме-навреме за да се потсетите на смислата и на убавата страна на животот.“
Венко Андоновски
„Нека играат децата“ ја доби наградата „Книга на годината“ на меѓународната литературна манифестација „Литератопија“ 2020.”