“Book Descriptions: „Кругот на животот“ е првиот роман на младиот тетовски автор Јован Илиески. Ова е веќе втор наслов по „Душа на парче хартија“ на Илиески. Разликата е во тоа што тој сега се претставува и како романописец, додека во првата книга беа поместени цитати, раскази, песни, туѓи приказни од животот што ќе ги слушнел од неговите врсници во училиштето или по тетовските сокаци.
„Кругот на животот“ е роман, чија филозофија е животниот циклус низ кој поминува секое живо битие. Во романот вешто се сокрива животната приказна за едно повеќечлено семејство.
„Кога се е добро и тече како што треба, не очекуваш да се разочараш од ништо. Но, што кога е се испревртено и животот ќе те земе во канџите на неговата темна страна. Што тогаш? Дали ќе бидеш онаму каде што сакаш или онаму каде што треба да бидеш. Прашање на судбината“, подвлекува во своите впечатоци авторот.” DRIVE