“Book Descriptions: Смртта на Смаил-ага Ченгиќ е поема на Иван Мажураниќ, составена од пет епски песни: „Агување“ (Agovanje), „Ноќен патник“ (Noćnik), „Чета“ (Četa), „Арач“ (Harač) и „Прокоба“ (Kob). Раскажувањето е проткаено со лирски дигресии преку кои Мажураниќ искажал свои мисли и чувства. Предмет на поемата е еден историски настан од животот на Црногорците – убиството на Смаил-ага Ченгиќ во 1840 година, настан за којшто многу пишувале тогашните српски и хрватски новини. Мажураниќ ги прикажал злосторствата и насилствата што ги вршел турскиот поробувач врз рајата и борбата на Црногорците за уништување на тиранијата.” DRIVE