“Book Descriptions: Следејќи ја тенката нишка меѓу страдањето и среќата, меѓу потребата да се биде свој или ничиј и препознавајќи ја љубовта и кога таа е во зародок, и кога е скриена во секојдневието како виновник, како воин или подлец, Оливера Николова напишала/изодила квалитетен роман без никаков замор, со задоволство.
„Адамовото ребро“ е впечатлив роман кој во себе го понел највредното од својата авторка: брилијантниот, умен и луциден стил, впечатливата раскажувачка дарба и моќта да се постигне раскажувачка рамнотежа (прецизна структура) без никакво инсистирање или вештачко настојување. Оливера Николова...несомнено знае како се прави тоа.” DRIVE