“Book Descriptions: Еднаш преживеав страшен пад во река, а веќе следниот пат доброволно влегов под пазувите на водопадот, што биде нека биде и пропаднав длабоко со лицето вперено во стравот, еве сум, реков, дојдов, ако сакаш земи ме! Ама водата одби да ме земе, всушност, водопадот, па и реката, немаа никаква намера да ме земат мене, тие ги земаа сите, немаа ништо лично против мене и за момент се почувствував глупаво што дозволив таа помисла да ме излаже дека сум нешто посебно, зашто, да си посебен на крајот не ми значеше ништо, моите проблеми и понатаму си останаа мои. Соочувањето со тој страв ми помогна полесно да го разберам, сфатив дека стравот има своја гравитација за да те држи близу, додека тој, како најсветла ѕвезда, се ширеше и се загреваше, и во еден момент гравитацијата стануваше толку силна што те вшмукуваше во себе, а оттаму никој не се вратил (ист).” DRIVE