“Book Descriptions: Таа не верува дека некогаш повторно ќе љуби, бидејќи смета дека во животот, човек само еднаш може да доживее вистинска, длабока, исконска љубов. Затоа, по драмата која ѝ го менува светот од корен, Стела Еванс бега од секој маж кој сака да ѝ се доближи поблиску од она што за неа е прифатливо. Посветена на својата професија, и во постојан обид да си ја излекува расрквавената душа, ќе успее ли да го наслушне шепотот на судбината и да се соочи со сенките кои истата ќе ѝ ги врати од минатото?
Тој е силен, убиствено згоден, неприкосновен шармер, на којшто ниедна жена не може да му одолее. Но, тој нема доверба во ниту една претставничка на понежниот пол, па затоа отворено им ги кажува своите намери, а тоа подразбира само добар секс и ништо повеќе. Кога најмалку очекува, Брајан Купер ќе се соочи со животен пресврт во кој може да изгуби сé, но и многу да добие. Кога во непредвидени околности ја запознава храбрата, синоока убавица, ќе успее ли комплетно да ѝ верува или ќе продолжи тврдоглаво да се спротивставува на она што за него го има смислено судбината?” DRIVE